Полиса за Приватност

Општи податоци и податоци за ракувачот со обработка на податоци за личност

ДИНАМИКС ДОО СКОПЈЕ, со седиште на адреса: СКУПИ 18, 1000 Скопје, матичен број: 5128463, ПИБ: MK4030996260772(во понатамошниот текст: "ДИНАМИКС ДОО или Ние"), ја почитува и штити приватноста на секое лице (физички лица - клиент, потенцијален клиент или друго лице – во понатамошниот текст заедно означени како: „Лице или Вие") чии лични податоци ги собира (во понатамошниот текст: „Лични податоци"). Собирањето и чувањето на личните податоци се спроведува во согласност со Законот за заштита на податоци за личност како и со Општата Уредба на ЕУ за заштита на податоци за личност (ЕУ 2016/679) (во понатамошниот текст: „GDPR"), кога тоа е применливо.

Во случај на обработка на лични податоци на лице кое се државјани на некоја од државите членки на Европската Унија при продажба на моторни возила „BMW Diplomatic sales", Ние ќе ги применуваме и одредбите на GDPR-от, во мерка во која тоа е применливо.

Ние Ве ценуваме и препознаваме дека приватноста е важна за Вас.

За да ја заштитиме приватноста на секое лице чии лични податоци ги собираме, Ние ја објавивме оваа Политика за приватност, која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за која цел ги обработуваме, како ги штитиме, колку долго ги чуваме, и на крај, кои се Вашите права во врска со личните податоци. Имено, ја развивме оваа Политика за приватност за да Ви ја прикажеме нашата практика во врска со собирањето на лични податоци што ги собираме од Вас или за Вас на овој сајт, преку писмена или усна комуникација со нас, кога ќе посетите некој од нашите објекти или од други извори.



Основни поими и лични податоци што Друштвото ги обработува

„Личен податок" е секој податок што се однесува на физичко лице чиј идентитет е одреден или одредлив, непосредно или посредно, особено врз основа на ознака идентитет;

„Обработка на податоци за личност" е секоја операција или збир на операции што се вршат автоматизирано или неавтоматизирано со податоци за личност или нивни збирови, како што се собирање, запишување, разврстување, групирање, односно структуирање, зачувување, приспособување или менување, откривање, увид, употреба, откривање преку пренесување, односно доставување, умножување, ширење или на друг начин ставање на располагање, споредување, ограничување, бришење или уништување;

„Чувствителни податоци" се однесуваат на податоци што се однесуваат на расно или етничко потекло, политичко мислење, верски или филозофски убедувања, членство во синдикати, здравје, сексуален живот или сексуална ориентација, генетски информации, кривичен досие и биометриски податоци што се користат за цели на единствена идентификација.

Ние не собираме Ваши чувствителни податоци, освен ако не ни ги ставите на располагање доброволно или ако сме на тоа обврзани со важечки прописи. Ние можеме да обработуваме Ваши податоци за здравствена состојба што Вие ни ги доставиле за да ги задоволиме Вашите посебни потреби (на пример, во случај на инвалидност).

„Лични податоци на деца" се однесуваат на лица помлади од 18 години.

Ние не собираме лични податоци на деца. Како родител или законски старател, не дозволувајте на Вашите деца да ги ставаат на располагање нивните лични податоци без Ваша дозвола.

Лични податоци што Друштвото ги собира и обработува за Вас се:

име и презиме;
ЕМБ;
датум и место на раѓање;
број на лична карта/број на пасош;
пол;
брачен статус;
компанија во која сте вработени;
e-mail адреса;
број на мобилен телефон/број на фиксен телефон;
факс;
адреса на живеалиште (улица и број, поштенски број и место);
број на шасија на возилото;
број на мотор на возилото;
регистарски ознаки на возилото;
број на возачка дозвола;
број на склучен договор;
сервисна книшка;
секој друг личен податок што доброволно го дадовте на Друштвото.
Начин на собирање на податоци за личност

Податоците за личност се собираат непосредно од Вас, како лице чии податоци се обработуваат или од страна на други лица.

1) Непосредно собирање на лични податоци од лицето чии податоци се обработуваат

а) При купување на моторно возило

При склучување на договор за купопродажба на моторно возило, а за цели на склучување и извршување на договорот, исполнување на правните обврски на Delta Motors и заштита на Вашите животно важни интереси, во обврска сте да ни доставите следните лични податоци: име и презиме, адреса на живеалиште, број на мобилен телефон, број на фиксен телефон, ЕМБ, број на лична карта/број на пасош, датум и место на раѓање и евентуално други лични податоци за кои однапред ќе бидете известени.

Во случај да не ни обезбедите наведените лични податоци, Ние нема да бидеме во можност да склучиме и извршиме договор за купопродажба на моторно возило, односно нема да бидеме во можност да одговориме на Вашето барање.

Целта поради која ги обработуваме наведените лични податоци е склучување и извршување на договор за купопродажба на возило, почитување на правните обврски, заштита на Вашите животно важни интереси и заради разгледување на различни приговори/барања во врска со производите и услугите на Друштвото.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото трајно.

б) При преземање на моторно возило на тест возење

Пред да Ви овозможиме да ги испробате нашите моторни возила со тест возење, неопходно е да склучиме договор за користење на моторно возило, па ни е за цели на склучување и исполнување на договорот за користење на моторно возило неопходно да ни доставите следните лични податоци: име и презиме, адреса на живеалиште, ЈМБГ, број на лична карта/број на пасош, датум и место на раѓање, број на мобилен телефон и број на возачка дозвола.

Во случај да не ни обезбедите наведените лични податоци, Ние нема да бидеме во можност да склучиме и извршиме договор за користење на моторно возило.

Целта на собирање на податоците е склучување и извршување на договор за користење на моторно возило.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото трајно.

в) При посета на салонот за автомобили

При Вашата посета на нашиот салон за автомобили, собираме од Вас следните лични податоци: име и презиме, број на мобилен телефон, број на фиксен телефон и email адреса, за да Ве известиме навремено за акции и погодности за продажба на моторни возила од страна на Друштвото за кои сметаме дека можат да Ви бидат интересни или за кои сами сте искажале интересирање, односно за цел на подготовка на специјална понуда за продажба на моторно возило, повикување на настани, испраќање на newsletter, комуникација.

Целта на обработка на наведените лични податоци е известување и информирање со цел промоција и маркетинг на Delta Motors.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото додека не го отповикате согласноста.

г) При посета на веб страницата www.bmw-motorrad.mk

При посета на нашиот веб сајт, личните податоци се собираат преку колачиња (англ. cookies), дознајте повеќе на ww.bmw-motorrad.mk/privacy-policy

д) За време на одржување на маркетинг и други промотивни кампањи на Друштвото (вклучувајќи саеми)

За време на одржување на промоција на нашите производи, можеме да соберем Ваши следни лични податоци: име и презиме, број на мобилен телефон, број на фиксен телефон и email адреса, за да Ве известиме за сите новости и погодности што Друштвото ги подготвило за Вас.

Целта на обработка на наведените лични податоци е промоција, маркетинг на Друштвото како и привлекување на лица што купуваат производи и услуги.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото додека не го отповикате согласноста.

ѓ) При сервисирање на автомобилот

За да Ви ја обезбедиме услугата на сервисирање на Вашето моторно возило, изработиме понуда што се однесува на одржување на возилото и/или набавка на резервни делови, Ние собираме Ваши следни лични податоци: име и презиме, адреса на живеалиште, ЈМБГ, број на лична карта/број на пасош, датум на раѓање, број на мобилен телефон, број на фиксен телефон, сервисна книшка, број на склучен договор, број на шасија и број на регистарска таблица.

Целта на обработка на наведените лични податоци е обезбедување на услуга за сервис на моторно возило (вклучувајќи набавка на резервни делови и одговори на прашања во врска со надоместок во врска со обезбедување на услуги на сервис), разгледување на различни приговори/барања во врска со производите и услугите на Друштвото и испраќање на известувања за годишен сервис.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото трајно.

е) При пријава на newsletter

При пријава на newsletter, Вие давате согласност на ДИНАМИКС да собира Ваши следни лични податоци: име и презиме и email адреса.

Целта на обработка на наведените лични податоци е испраќање на известувања за специјални и персонализирани понуди, вести и настани што ги организира Друштвото, интернет промоција, учество во наградни игри.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото додека не го отповикате согласноста.

ж) При Вашето контактирање на нашите вработени

При Вашето контактирање (телефонски или преку нашиот веб сајт или социјални мрежи) на нашите вработени заради одговор на различни прашања во врска со нашите производи и услуги, Вие давате согласност на Delta Motors да собира Ваши следни лични податоци: име и презиме, email адреса и број на мобилен телефон/број на фиксен телефон.

Целта на обработка на наведените лични податоци е воспоставување комуникација со Вас заради давање одговори на Вашите прашања или заради прецизирање на Вашето барање.

Давањето на наведените лични податоци е неопходен услов за воспоставување комуникација помеѓу Вас и Delta Motors. Во спротивно, нема да можеме да одговориме на Вашето прашање.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото додека не го отповикате согласноста.

При Вашето контактирање (телефонски или преку нашиот веб сајт или социјални мрежи) на нашите вработени заради закажување сервис за Вашето возило и утврдување на надоместок за услуги на сервис, Вие давате согласност на Delta Motors да собира Ваши следни лични податоци: име и презиме, email адреса, број на мобилен телефон/број на фиксен телефон, број на шасија на возилото и број на мотор на возилото.

Целта на обработка на наведените лични податоци е закажување на термин за сервис на Вашето возило и обезбедување дополнителни информации во врска со обезбедување на услуги за сервисирање на возилото.

Давањето на наведените лични податоци е неопходен услов за закажување на термин за сервис на Вашето возило. Во спротивно, нема да можеме да проверим слободен термин и да закажеме сервис на Вашето возило.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото додека не го отповикате согласноста.

При Вашето контактирање на нашите вработени (телефонски или преку нашиот веб сајт или социјални мрежи) заради закажување тест возење, Вие давате согласност на Delta Motors да собира Ваши следни лични податоци: име и презиме, email адреса и број на мобилен телефон/број на фиксен телефон.

Целта на обработка на наведените лични податоци е закажување на термин за тест возење и информирање за тоа.

Давањето на наведените лични податоци е неопходен услов за закажување тест возење. Во спротивно, нема да можеме да одговориме на прашањето што е во врска со тест возењето.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на Друштвото додека не го отповикате согласноста.

2) Лични податоци доставени од страна на други лица

Постојат случаи кога можете да ни доставите лични податоци на трети лица, на пр. заради подготовка и доставување на промотивна понуда за која сметате дека може да биде интересна за некого што Вие го познавате, во кој случај ќе сметаме дека од страна на такво лице сте овластени за такво постапување и во никој случај нема да сносиме одговорност за обработка на лични податоци на трето лице.

Цел на собирање и обработка на лични податоци

Целта на собирање на лични податоци е:

почитување на законските обврски на Друштвото;
склучување и извршување на договор за купопродажба на моторно возило, договор за користење на моторно возило, договор за сервисирање на возило;
исполнување на преддоговорни обврски (закажување тест возење, закажување сервис на возило, контролни сервисни прегледи на возило, информации за цени на поправки, составување понуда за купување возило или поправка на возило и сл.);
сервисирање на возило, набавка на резервни делови и вршење на други барани работи на возилото;
отповик на возило или заради замена на одредени дефектни делови;
одговори на прашања на клиентите;
остварување на контакт и испраќање на известувања за понуди, новости, дополнителни информации, актуелности, настани, наградни игри и промоции што ги организира Друштвото, како и заради остварување на правата на лицето поврзани со купените производи/обезбедени услуги, остварување на легитимните интереси на Друштвото, освен ако над тие интереси се претежни интересите или основните права и слободи на лицето на кое се однесуваат податоците кои бараат заштита на податоци за личност.
Правна основа на обработка на лични податоци

Правната основа на обработка на податоци претставуваат:

• Ваша согласност

Вашите лични податоци до кои дојдовме врз основа на Вашата согласност ќе се обработуваат и чуваат сè додека постои Вашата согласност, односно сè до евентуално отповикување на Вашата согласност. Согласноста за собирање, обработка и користење на

Отповикувањето на согласноста не влијае на дозволеноста на обработката на личните податоци извршена врз основа на Вашата согласност пред отповикувањето.

• Извршување на договорни обврски

Друштвото собира лични податоци што му се неопходни за склучување и извршување на договор со Вас и исполнување на преддоговорни обврски.

Одредени податоци во формуларите преку кои ни ги испраќате Вашите барања се означени како задолжителни. Тие се неопходни за склучување на договор односно потребни се за да можеме да одговориме на Вашите барања и да ги исполниме или за да можеме да ги исполниме нашите законски или договорни обврски.

Доколку не ни обезбедите неопходни лични податоци, нема да можеме да го обработиме Вашето барање ниту да склучиме договор. Целта на обработка на други лични податоци (опционални лични податоци и слободни сте да ги пополните или не) кои не се неопходни за исполнување на преддоговорни и договорни/законски обврски е подобро да Ве запознаеме и да Ви испраќаме приспособени промотивни пораки. Во однос на нив, имате право во било кој момент да побарате бришење на личните податоци од нашата база на податоци.

• Легитимен интерес

Друштвото обработува лични податоци во цел на чување на легитимните интереси на Друштвото. Под легитимни интереси на Друштвото особено се подразбира анкетирање на купувачи односно корисници на услуги со цел подобрување на производите и услугите (под услов дека станавте наш купувач односно дека сте наш корисник на услуга).

• Почитување на правни обврски

Во онаа мера во која обработката на Вашите лични податоци е неопходна заради исполнување на правните обврски на Друштвото, односно обврските дефинирани со различни закони.

• Заштита на животно важни интереси

Одредени лични податоци ги обработуваме за да можеме да Ве контактираме и известиме во случај на неопходност да се отповика возилото или да се отстрани недостаток што би можел да го загрози Вашиот живот и/или безбедност.

Приматели и трети лица

Личните податоци ги откриваме и на одредени приматели, односно трети лица: нашите поврзани лица на територијата на Република Србија, производителот на возилото и/или делови што се наоѓаат во продажниот асортиман на Друштвото, маркетинг компании, сервиси за комуникација или компании за истражување на пазар или задоволство на клиенти односно осигурителни и лизинг куќи, банки и рент куќи што ги ангажира односно со кои соработува Друштвото, а сè со цел обезбедување на информации и податоци поврзани со купопродажба на возила и обезбедување на сервисни услуги и унапредување на истите, за комуникација за кампањи за безбедност на возила, комуникација за маркетинг и промотивни активности, за унапредување на тие активности и сл., како и за вршење на други деловни активности со кои се занимава Друштвото.

Друштвото нема да Ги стави Вашите лични податоци на располагање на други приматели, односно трети лица, освен во случаите наведени во ова Известување.

Период на чување на лични податоци

Податоците што Друштвото ги собира врз основа на закон како правна основа, должно е да ги чува онолку време колку што го определува поединечен закон или друг позитивен пропис.

Податоците што Друштвото ги собира врз основа на договорен однос, Друштвото ќе ги чува само онолку колку што е потребно во цел на исполнување на договорот односно обезбедување на услугата.

Податоци што се обработуваат исклучиво врз основа на Вашата согласност се чуваат до отповикување на согласноста.

Податоци што се обработуваат заради заштита на животно важни интереси се чуваат трајно.

Податоци што се обработуваат со цел остварување на легитимни интереси а се однесуваат на анкетирање на купувачи односно корисници на услуги се чуваат трајно.

Права на лицето во врска со обработката на лични податоци

Покрај веќе наведените права во ова Известување, како и останатите права предвидени со Законот и други прописи во согласност со Законот, лицето на кое се однесуваат податоците за личност има права:

да од Друштвото побара информација за тоа дали обработува негови лични податоци и пристап до тие податоци;
да од Друштвото побара исправка, дополнување или бришење на неговите лични податоци и право на приговор на обработката;
да поднесе притужба до Повереникот за информации од јавно значење и заштита на податоци за личност;
да неговите неточни лични податоци без непотребно одлагање се исправат. Во зависност од целта на обработката, лицето има право своите непотполни лични податоци да ги дополни, што вклучува и давање дополнителна изјава;
да обработката на личните податоци се ограничи од страна на Друштвото ако е исполнет еден од следните случаи:
Лицето на кое се однесуваат податоците ја оспорува точноста на личните податоци, во рок што му овозможува на Друштвото проверка на точноста на личните податоци;
обработката е незаконита, а лицето на кое се однесуваат податоците се спротивставува на бришењето на личните податоци и наместо бришење бара ограничување на употребата на личните податоци;
на Друштвото повеќе не му се потребни личните податоци за остварување на целта на обработката, но ги побарало лицето на кое се однесуваат податоците со цел поднесување, остварување или одбрана на правен барање;
Лицето на кое се однесуваат податоците поднело приговор на обработката во согласност со член 37. став 1. на Законот, а во тек е проценувањето дали правната основа за обработка од страна на ракувачот преовладува над интересите на лицето.
Друштвото е должно да ги извести сите приматели на кои личните податоци се откриени за секоја исправка или дополнување или бришење на личните податоци или ограничување на нивната обработка во согласност со Законот и GDPR-от, освен ако тоа е невозможно или бара прекумерен утрошок на време и средства. Друштвото е должно лицето на кое се однесуваат податоците, на негово барање, да го информира за сите приматели.

Лицето на кое се однесуваат податоците има право неговите лични податоци што претходно ги доставило на Друштвото да ги прими од него во структуиран, вообичаено користен и електронски читлив облик и има право овие податоци да ги пренесе на друг ракувач без пречка од страна на Друштвото на кое тие податоци им биле доставени, во согласност со Законот.

Ако смета дека тоа е оправдано во однос на посебната ситуација во која се наоѓа, лицето на кое се однесуваат податоците има право во секој момент да поднесе на Друштвото приговор на обработката на неговите податоци за личност, во согласност со Законот.

Лицето на кое се однесуваат податоците има право на него да не се применува одлука донесена исклучиво врз основа на автоматизирана обработка, вклучувајќи и профилирање, ако со таа одлука се произведуваат правни последици по тоа лице или таа одлука значајно влијае на неговата положба.

Постапка во случај на повреда на лични податоци

Ако повредата на личните податоци може да произведе висок ризик по правата и слободите на лицето, Друштвото е должно без непотребно одлагање за повредата да го извести лицето на кое се однесуваат податоците, во согласност со Законот.

Во случај на повреда на податоци за личност која може да произведе ризик по правата и слободите на лицето, Друштвото е должно за тоа да го извести Повереникот за пристап до информации од јавно значење и заштита на податоци за личност без непотребно одлагање, или ако тоа е можно во рок од 72 часа од дознавање за повредата. Известувањето доставено до надлежниот орган содржи сите информации во согласност со Законот.

Пренос на податоци за личност во други држави

Преносот на податоци за личност во друга држава или меѓународна организација, без претходно одобрение, може да се изврши ако е утврдено дека таа друга држава/меѓународна организација обезбедува примерено ниво на заштита на податоци за личност. Во врска со тоа, со Одлуката за листа на држави, делови на нивните територии или еден или повеќе сектори на одредени дејности во тие држави и меѓународни организации во кои се смета дека е обезбедено примерено ниво на заштита на податоци за личност (во понатамошниот текст: „Одлука") е утврдено каде се смета дека е обезбедено примерено ниво на заштита на податоци за личност.

Стопанските друштва на кои Друштвото врши пренос на податоци се наоѓаат со седиште на територијата на Сојузна Република Германија, Република Грција, Велика Британија, Ирска, Унгарија, Швајцарска Конфедерација, Република Франција, Република Словенија и Соединети Американски Држави (ограничено на "Privacy Shield framework"), за кои во согласност со Одлуката е утврдено дека обезбедуваат примерено ниво на заштита на податоци за личност.

Линкови кон веб страници и услуги на трети страни

Нашиот сајт може да содржи линкови кон сајтови на трети страни. Имајте на ум дека ние не сме одговорни за собирање, употреба, одржување, делење или откривање на податоци и информации од страна на трети страни. Ако обезбедувате информации на страници на трети страни и ги користите тие страници, правилата за приватност и условите за користење на тие трети страни ќе бидат применливи. Ви препорачуваме да ги прочитате правилата за приватност на веб сајтовите што ги посетувате пред да испратите лични податоци.

Со кликнување на копчето Facebook, Twitter или Instagram на нашиот сајт ја прифаќате можноста податоците за Вашата посета на нашиот сајт да можат да бидат обработени од страна на наведените социјални мрежи доколку поседувате сметка на нив. За да ја избегнете оваа ситуација, Ние Ви советуваме претходно да се одјавите од Вашите кориснички сметки на овие социјални мрежи, па дека тек потоа со клик на линкот на нашиот сајт да ја посетите нашата страница на некоја од наведените социјални мрежи.

Доверливост на податоците и транспарентност

Вашите лични податоци ќе бидат третирани како доверливи информации и Друштвото ќе преземе соодветни потребни мерки за да ги заштити истите во согласност со Законот. Пристап до нив ќе имаат само лица кои, со оглед на описот на работата што ја вршат, треба да бидат запознаени со Вашите податоци за личност и тоа само во обем што е неопходен за вршење на нивните работи.

Оваа Политика за приватност е достапна на веб страницата како и во продажните салони на Друштвото.

Ако одлучиме да ја промениме својата Политика за приватност, промените ќе бидат поставени и објавени на веб страницата и во продажните салони на Друштвото.



Ваш ДИНАМИКС