Изјава за одговорност
BMW групацијата го цени вашето интересирање за нашите производи и посетата на интернет страницата.
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Кога ги користите нашите услуги, можеби ќе треба да внесете лични податоци. Давањето на овие информации е доброволно. Вашите лични податоци ќе се користат само во согласност со Законот за заштита на податоци за личност и Општата Уредба за заштита на податоци за личност (ЕУ 2016/679) (во понатамошниот текст GDPR) кога тоа е применливо, а во сè во согласност со Политиката за приватност и Политиката за колачиња објавени на оваа интернет страница.
Личните податоци што ги пополнувате на BMW интернет страницата се користат како дел од процедурата за контактирање и за да се процесира вашето барање. Процесирањето и користењето на вашите податоци за консултации, рекламирање и истражување на пазарот се прави само со ваша согласност во согласност со Политиката за приватност.
Ако при давањето согласност за горенаведените цели, исто така дадете дозвола вашите податоци да се користат од страна на други BMW организации или трети лица, вашите податоци можеби ќе бидат пренесени до нив. Ако тоа не е случај, вашите податоци нема да бидат пренесени на трети лица. Условите за пренос на податоци на трети лица можете да ги најдете во делот Политика за приватност.
АВТОРСКИ ПРАВА
© Авторски права BMW AG, Минхен, Германија. Сите права се задржани.
Текстот, сликите, графиката, звучните фајлови, анимациите, видео фајловите и нивниот аранжман на BMW Group интернет страниците се подложни на авторски права и останата заштита на интелектуална сопственост. Овие објекти не смеат да се копираат во комерцијални цели или дистрибуираат, ниту смеат да се модифицираат или поставуваат на останати интернет страници. Некои BMW интернет страници можат да содржат слики чии авторски права се дадени на трети странки.
ГАРАНЦИЈА, ОДГОВОРНОСТ
Информациите на оваа интернет страница се обезбедени во „даден облик" и без гаранција од било каков вид, изразена или имплицирана, вклучувајќи (но не е ограничено на) било каква имплицирана трговска гаранција. Иако веруваме дека обезбедените информации се точни, тие можат да содржат одредени грешки. Во никој случај BMW AG нема да биде одговорен за било каква специјална, индиректна или последична штета која има врска со овој материјал, освен ако е предизвикана од немар или намерно погрешно ракување.
BMW AG не е одговорен за содржината на интернет страниците што ги одржува трета страна и затоа се одрекува од одговорност за било какви линкови што оваа интернет страница ги упатува кон останати страници.
ЗАШТИТНИ ЗНАЦИ
Освен ако е поинаку назначено, сите заштитни знаци на оваа интернет страница се подложни на прописите за заштитни знаци на BMW AG, вклучувајќи ги ознаките, називите на модели, логоата и амблемите.
ЛИЦЕНЦИ
BMW Group има за цел постигнување на иновативна и информативна интернет страница. Сепак, исто така мора да разберете дека BMW групата мора да ја заштити својата интелектуална сопственост, вклучувајќи патенти, заштитни знаци и авторски права. Во согласност со тоа, ве молиме разберете дека никаква лиценца не е доделена на оваа интернет страница на трети странки.
КОРИСТЕЊЕ НА FACEBOOK ДОДАТОЦИ
Една од функциите на BMW интернет присуството е да користи додатоци за социјални мрежи, од мрежи како што е facebook.com, со кои управува Facebook Inc., 1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, USA (Facebook). Овие додатоци се означени со Facebook лого.
Кога пристапувате на BMW интернет страницата, вашиот прелистувач воспоставува директна врска со Facebook серверите. Содржината на додатоците се пренесува од страна на Facebook директно во вашиот прелистувач, кој потоа го интегрира во интернет страницата. Интеграцијата на додатоците предизвикува Facebook да прими информации до кои сте пристапиле на соодветната страна на BMW интернет страницата.
Ако сте најавени со Facebook сметка, ќе биде во можност да ја забележи вашата посета на вашата Facebook сметка. Ве молиме обрнете внимание дека размената на овие информации веќе се случува кога ја посетувате нашата интернет страница, без разлика дали поседувате додаток или не.
Ако го поседувате додатокот, акции како што е притискање на „Like", соодветните информации се испраќаат директно до Facebook од вашиот прелистувач и таму се чуваат.
Можете да најдете информации за целта и обемот на аквизиција на податоци како и тоа како податоците се процесираат и користат од страна на Facebook, заедно со правата и дополнителните подесувања што ја штитат вашата приватност, во Facebook напомените за заштита на податоци (http://www.facebook.com/policy.php).
Ако не сакате Facebook да собира податоци за вашето интернет присуство, мора да се одјавите од Facebook страницата пред посетата на BMW интернет страницата.