
BMW Motorrad Македонија и Dynamix одбележаа „45 години GS“!

Оваа среда, 18 февруари 2026, во ресторан Park, компанијата Dynamix, овластен
увозник и дилер на BMW Motorrad за Македонија, организираше впечатлив настан во
чест на 45-годишното наследство на легендарниот GS модел.

Посетителите имаа можност да се запознаат со целата линија на GS моделите, од
класичните и најпопуларните до најновите изданија, прикажувајќи ја еволуцијата на
GS низ четири и пол децении, а главната атракција беше премиерата на најновиот
член на GS семејството, кој ја носи традицијата на авантуристичко возење на едно
сосема ново ниво.
Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, адреналин и чувство на
заедништво меѓу љубителите на GS.