BMW Motorrad Македонија и Dynamix го одбечежаа „Затворањето на сезона ‘25“ во голем стил

Затворање на сезона ’25

Затворање на сезона ’25

На 22 октомври (среда), во салонот на BMW Motorrad во Скопје, компанијата Dynamix,
овластен увозник и дилер на BMW Motorrad за Македонија, организираше
незаборавен настан под слоганот „Затворање на сезона ’25“ во боите на BMW Racing.

Настанот ја обедини страста кон моторите, авантуристичкиот дух и заедништвото на BMW Motorrad заедницата. Гостите се дружeа во опуштена атмосфера со пиво, музика во живо и многу насмевки, додека Dynamix им приреди ексклузивни попусти на мотоцикли на залиха и оригинални BMW додатоци, достапни само за оваа вечер.

Настанот беше и вовед во она што следува – новата генерација BMW Motorrad модели што пристигнуваат во 2026 година, кои уште повеќе ќе го подигнат стандардот во перформанс, технологија и дизајн.
„BMW Motorrad е повеќе од бренд – тоа е начин на живот. Со оваа вечер ја
заокружуваме успешната сезона и со нетрпение ги очекуваме новите модели штодоаѓаат следната година,“ изјавија од Dynamix.

Со страст кон возењето и поглед насочен кон иднината, BMW Motorrad
Македонија уште еднаш ја потврди својата мисија – да ја претвори секоја патека во доживување, а секој момент во авантура.