
Индивидуализација BMW F 900 GS
BMW F 900 GS Adventure
Слободата повикува – BMW F 900 GS Adventure е подготвен да одговори на овој повик. Тоа е ендуро мотоцикл за патување со кој можете да се опуштите и да го откриете целиот свет. Со соодветна дополнителна опрема и оригинални додатоци на BMW Motorrad, можете да го надградите вашиот GS за да ги задоволите сите ваши барања. Инспирирајте се од нашите предлози или конфигурирајте го F 900 GS Adventure за да одговара на вашите лични потреби.
Авантуристички турнеи

Опремени за секоја авантура
Со оваа опрема, F 900 GS Adventure е подготвен за сè. Благодарение на ConnectedRide Navigator, можете да стигнете до сите најоддалечени краеви на светот. Можете да го прилагодите воланот по ваш вкус, а ако сакате да уживате во долги патувања со вашиот придружник, задниот потпирач за нозе е неопходен. Сè што ви треба се вклопува во простран багаж. Што чекате?
Навигатор ConnectedRide и подготовка за навигација
Со BMW ConnectedRide Navigator, сите планови и патувања се секогаш беспрекорни. Синхронизирајте ги планираните рути и снимки со апликацијата BMW Motorrad преку вашиот BMW ID. Со 5,5-инчниот екран на допир, можете лесно да читате, дури и на директна сончева светлина.
Мотоциклите без подготовка за навигација можат да бидат дополнително опремени со „подготовка за навигациски уреди“.

Систем за багаж: црна алуминиумска кутија од 36л–44л, црна алуминиумска горна кутија од 32л и резервоар од колекцијата Adventure од 11–16л
Совршено решение за ентузијастите за патувања кои поставуваат највисоки барања од себе и од своите придружници: црниот алуминиумски куфер нуди 36 и 44 литри простор за складирање. Робусната опрема за транспорт е отпорна на прашина. Многу практични детали ќе ве импресионираат, дури и во екстремни услови.
Црниот, анодизиран алуминиумски куфер нуди 32 литри простор за BMW кацига, а големата торба за резервоар од Adventure Collection во издржлива ткаенина е наменета за подолги патувања. Може да се прошири од 11 на 16 литри и е погодна за резервоари со стрмен наклон. Практичните карактеристики вклучуваат водоотпорен главен дел со внатрешна торбичка, влез за кабел и рачка за носење.

Štitnik farova
Заштитникот за фарови за теренски услови го штити фарот од оштетувања предизвикани од прскање камења и чакал при возење надвор од јавни патишта.

Прилагодливи рачки
Рачките изработени од црн анодизиран алуминиум, кои можете да ги прилагодите во 5 различни позиции, го нагласуваат уникатниот изглед.

Сив страничен држач за ендуро
Сребрено-сивиот страничен носач/држач за Enduro со својата голема површина на лежиштето обезбедува сигурно стоење, особено на мек или нерамен терен.

Задни фузастери
Задните ногарки/фусастери со назабени газишта нудат оптимално прилепување, дури и со грубо профилирани или многу извалкани чизми. Благодарение на производството од леан челик отпорен на корозија, потпирачите за нозе остануваат без 'рѓа. Можете да ги преклопите и кога возите сами.

Урбан истражувач

Освојте бескрајни кањони и урбани градски пејзажи
Опуштено крстарење низ модерни метрополи или опуштена тура од еден град во друг. Овој предлог за опрема за F 900 GS Adventure е направен за вас ако барате авантура на асфалт и во урбани средини. Со подготовка за навигација и ConnectedRide Navigator, ќе бидете безгрижни на патот. Затемнетото ветробранско стакло и дефлекторот за ветер обезбедуваат поголема удобност при возење. Седиштето за рели и издувот Sport Titan го нагласуваат препознатливиот изглед и звук на мотоциклот. Започнете тури за паметење!
Навигатор ConnectedRide и подготовка за навигација
Со BMW ConnectedRide Navigator, сите планови и патувања се секогаш безгрижни. Синхронизирајте ги планираните рути и снимки со апликацијата BMW Motorrad преку вашиот BMW ID. Со 5,5-инчниот екран на допир, можете лесно да читате, дури и на директна сончева светлина.
Мотоциклите без подготовка за навигација можат да бидат дополнително опремени со „подготовка за навигациски уреди“.

Затемнето ветробранско стакло
Затемнетото ветробранско стакло му дава спортски шмек на мотоциклот. Обликот и големината се исти како и стандардното ветробранско стакло.

Затемнет дефлектор на ветер
Затемнетите ветробрански дефлектори со својот изглед му даваат на мотоциклот особено лежерен шмек и во исто време обезбедуваат подобар проток на ветер околу мотоциклот. Со намалување на бучавата од ветерот и турбуленцијата на воздухот, тие ги штитат рацете и ја подобруваат удобноста при возењето, километар по километар.

Рели седиште, црно, високо
Повисокото седиште Rallye во црна боја импресионира со добро амортизирање, поцврст тапацир за употреба надвор од патот и впечатлив ендуро изглед.

Заден потпирач за нозе
Задните потпирачи за нозе со назабен газе обезбедуваат оптимално прилепување, дури и со грубо профилирани или многу извалкани чизми. Благодарение на производството од леан челик отпорен на корозија, потпирачите за нозе не 'рѓосуваат. Исто така, можете да ги преклопите кога возите сами.

Black Sport Titanium издувен систем
Црниот спортски издувен систем направен од титаниум, јаглерод и не'рѓосувачки челик го прави секое возење спортско искуство со својот моќен звук.

F 900 GS Adventure
Имате повеќе идеи? Изберете од широк спектар на специјална опрема и оригинални додатоци на BMW Motorrad и персонализирајте го вашиот мотоцикл по ваш вкус.
